| четврток, 6 декември 2018 |

По само половина сезона Калиниќ го напушта Милан?

Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ летово пристигна во Милан како големо засилување во нападот на „Росоњерите“, но тој засега не игра на своето најдобро ниво.

Од управата на Милан неодамна му врачија отказ на тренерот Винченцо Монтела за кого навивачите сметаат дека е главниот виновник за доведувањето на Никола Калиниќ кој досега на 15 натпревари на своето конто има скромни три гола.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, новиот тренер на Милан, Џенаро Гатузо предност во нападот ќе им даде на Андре Силва и Патрик Кутроне, што значи дека Калиниќ после шест месеци најверојатно ќе треба да побара нов клуб. Дека ситуацијата не е баш најдобра, докажува тоа што на дуелот против Торино, Калиниќ беше исвиркуван од навивачите на Милан.

Наводно веќе неколку клубови покажале интерес за неговите услуги, а интерес за 30-годишниот фудбалер има и од богатите кинески клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top