| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава против докторот од Струмица кој влечеше куче – ќе одговара за „мачење животни“

Поднесена е кривична пријава против докторот од Струмица кој влечеше куче врзано за кола. К.З. (61) ќе одговара за „мачење животни“.

Случајот го обелодени во јавност здружението за заштита на животни „Анима мунди“, според кои кучето починало од изнемоштеност. Според видеото споделено со медиумите, осомничениот го влече кучето врзано за синџир со кола во движење.

– Пријавениот од с. Борисово до продавнца во с. Мокриево, со метален синџир го врзал своето куче за задната страна на возилото, и додека го управувал возилото го влечел животното, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top