Осудени криминалци за кривични тешки дела ќе бидат помилувани со Законот за амнестија кој го усвои Владата и кој ќе биде ставен во процедура во Собранието. Со овој закон од затворите ќе бидат ослободени 670 осудени криминалци, а казната ќе им се намали на 3.097.
Додека се случува овој скандал, преку кој уште повеќе ќе се загрози безбедноста на улиците, утринава судот одлучи во притвор да стави 30 лица кои се товарат ни помалку ни повеќе за „тероризам“, поради упадот што се случи во Собранието на 27 април.
Помеѓу обвинетите се и 6 пратеници, а останатите се во најголем дел уметници и интелектуалци кои ја подржаа иницијативата „За Заедничка Македонија“ и не учествуваа во никакво насилство.
Кривичен суд: 30 дена притвор за 13 лица, шестмина во куќен притвор!
„Владата ја истакна потребата од организирање на јавна расправа и отворена дебата на оваа тема и го задолжи Министерството за правда истите да ги организира по текстот на одредбите од предлог-законот, и пред владата да достави нов пречистен и усогласен текст на Предлог-законот за амнестија, откако ќе измине периодот на консултации и откако ќе завршат јавните расправи и отворени дебати“, пишува во извештајот од денешната седница.
Предлог-законот за амнестија ќе се носи по редовна постапка, а рокот за амнестија ќе се однесува за кривични дела сторени до 20 септември годинава. Предлог-текстот вчера беше усвоен на владина седница.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска појасни дека датумот е произлезен од јавната расправа и укажувањата на експертите.
– Не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело „убиство“ од член 123. Не е предвидена амнестија за кривични дела против избори и гласање, за кривични дела против половата слобода и половиот морал, за кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред, како и за кривични дела против човечноста и меѓународното право, изјави Бошњаковски.
Додека луѓе кои звршиле тешки кривични дела ќе се шетаат на слобода, луѓе со патриотски убедувања кои не повредиле никого ќе бидат ставани во затвор.
Небулозата на правниот систем оди до таму што да ја пееш македонската химна на собирите на движењето „За Заедничка Македонија“ е исто кривично дело како да извршиш напад на државата, да убиеш 8 полициски службеници и да ги загрозиш животите на цел еден град – Основното јавно обвинителство ги изедначи терористите од Диво Насеље со пратениците, уметниците и граѓаните кои протестираа под знамето на движењето „За Заедничка Македонија“.
Затоа што ја пеел македонската химна светски познатиот оперски пејач Игор Дурловские е изедначен со Мирсат Ндрецај, терористот од Косово, кој убиваше македонски полициски службеници во кумановско Диво Насеље. И двајцата ОЈО ги товари за исто кривично дело – тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.