Колегата на танчарката Екатерина Тихонова од Светската федерација за рокенрол танц изјави дека таа е помладата ќерка на рускиот претседател Владимир Путин, јави „Ројтерс“.
Официјално лице од Светската федерација за рокенрол танц (WRRC) тоа го рече две години откако британската агенција ги откри роднинските врски помеѓу Екатерина и претседателот.
„Ја познавам ќерката на Путин“
Заменик-претседателот на таа федерација за правни работи Манфред Мохаба рекол дека ја запознал Екатерина преку заедничкото работење во Претседателството на федерацијата, а на прашањето дали таа е ќерка на Путин, одговорил потврдно: „Да, ја познавам, секако“.
На истото прашање поставено вториот пат, Мохаб кимнал со главата и рекол „да“.
„Ројтерс“ наведува дека ниту Кремљ ниту Екатерина не ја коментирале нивната вест.
Еден од функционерите на „Гаспром“, директор на претседателскиот управен одбор Андреј Акимов, изјавил за „Ројтерс“ во 2015 година дека Екатерина е ќерка на Путин, за потоа тоа да го демантира.
„Ројтерс“ го потврди нејзиниот идентитет преку уште два независни извори, кои барале да останат анонимни.
Ниту Акимов ниту претставникот на „Гаспром“ не сакале да ја коментираат информацијата на „Ројтерс“.
Путин веќе со години вешто го крие идентитетот на своите две ќерки – Марија и Екатерина.
„Не, не е таа ќерката на Путин!“
Во меѓувреме Манфред Мохаба, колега на Екатерина од Светската федерација за рокенрол танц, кој прво потврди дека таа е ќерка на Владимир Путин, го повлече својот коментар, со образложение дека не го слушнал добро прашањето.
– Не можам да потврдам дека ја познавам ќерката на Путин. Немам ништо со нив – рекол Мохаба во телефонскиот разговор за „Ројтерс“. Прашан да каже зошто прво рекол дека Екатерина е ќерка на Путин, Мохаба рекол дека не го слушнал добро прашањето.
– Верувајте ми, беше толку бучно во салата така што многу работи не можам да ги разберам, а другите работи добро не сум ги разбрал. Така што, не е сигурно дека сум ви ги дал вистинските одговори – рекол Мохаба, кој тврди и дека има проблеми со слухот.
„Ројтерс“ наведува дека таа е една од подобрите танчарки на акробатски рокенрол и дека е омажена за Кирил Шамалов, син на еден од најблиските пријатели на Владимир Путин, кој со работењето со нафта стекнал богатство од околу милијарда долари.
ГЛОСА Во меѓувреме, Манфред Мохаба, колега на Екатерина од Светската федерација за рокенрол танц, кој прво потврди дека таа е ќерка на Владимир Путин, го повлече својот коментар, со образложение дека не го слушнал добро прашањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.