Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека партијата нема да го напушти Собранието, одговарајќи на новинарско прашање по денешното рочиште за судењето за насилството во Општина Центар.
-Немаме таква одлука- одговори Груевски на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието.
Во врска со вчерашната средба кај Ѓорге Иванов, заедно со премирот Зоран Заев, Груевски рече дека била организирана со цел да се смират тензиите.
-Немам некакви детали за средбата. Претседателот Иванов во обид да ги смири тензиите во општеството што се создадоа по политичките хајки, нè повика на разговор – рече Груевски.
Тој исто така обвини дека судот има двојни аршини, кога е во прашање неговото судење и судењето против Зоран Заев за случајот „Поткуп“.
Груевски повторно изјави дека не чувствува вина и дека не стравува од санкции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.