Александар Саша Чичик од Лабинск на југозападот на Русија загина откако од бомбата извлекол осигурувач и објави фотографија на социјалните мрежи.
Како пренесуваат локалните медиуми, Русинот пратил порака на пријател вклучувајќи ја таа фотографија со бомба во рацете, со осигурувач кој е покрај бомбата.
Пријателот го прашува Александар каде се наоѓа и дали е се во ред.
-Зависи што подразбираш под тоа “ок“?, одговара Саша.
-Слушај, не се шегувај, одговорил пријателот и потоа додал: „Кај си?“, на што не добил одговор.
Полицијата почнала истрага поради нелегална продажба на оружје и муниција. Извор за агенцијата Интерфакс навел:
-Очигледно е дека момчето не успеало да го врати осигурувачот. Експлозијата го преполовила на пола, наведува изворот.
Полицијата верува дека Чичик очекува дека бомбата нема да се активира, додека не ја фрли.
Чичик и на другите пријатели им пратил фотографија, а полицијата случајот го окарактеризирала како несреќен случај, а не самоубиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.