Четворица се повредени во голема експлозија што се случила вчера вечерта во склад за оружје во рускиот регион Самара, во кој имало околу 13 милиони парчиња муниција, јави „Раша тудеј“.
Со пожарот, кој избувнал по експлозијата, се борат повеќе од 500 пожарникари, а неколку десетици луѓе што живееле во близина на магацинот побарале медицинска помош.
Полицијата евакуирала повеќе од 250 луѓе од реонот. Споре руската агенција Интерфакс, повредените немале сериозни повреди и не биле во животна опасност.
Причините за експлозијата сѐ уште не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


