Триесет и пет годишниот Ивица Стрезовски од Гостивар самиот организира хуманитарни настани за да собере пари и да оди на лекување во Кина.
Тој боледува од спино-церебрална атаксија, заради која не му функционираат нозете и не може да се движи без помагала. Така живее од својата 20 година. Годинава состојбата започнала да се влошува, а лекарите му советувале што побргу да почне со соодветно лекување.
Од јуни започнал самиот да се јавува по луѓе и организации за да прави хуманитарни настани со цел да собере донации со кои ќе може да го плати лекувањето. Некој го одбива, некој помага.
-Се јавив кај 15-16 пејачи и ги замолив да присуствуваат на мојот хуманитарен концерт. Имаше некој од нив кои навистина прифатија, некои што ми побараа само превоз, некои дојдоа така и плус донираа од нив. Имаше разни случаи. Имаше некои што навистина беа зафатени и не можеа да дојдат, а што сакаа да донираат и донираа. Има разни работи. Сега планирам уште еден таков концерт да направам – објаснува тој.
Ивица не може да смета на помош од Фондот за здравствено осигурување. Лекувањето со методата на вметнување матични клетки во коскената срж се уште не е прифатена од медицината базирана на факти и се смета за експериментална.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.