Светски славната македонска пејачка Тања Царовска на фејсбук реагираше против Апсењето на оперскиот пејач Игор Дурловски. Жената која ја претставува Македонија на светската музичка сцена напиша:
– Се оградувам, јас не сум од таа Македонија што Игор Дурловски го апси за тешки криминални дела против државата.
Инаку Царовска е по потекло од Битола а живее и работи во Лондон. Таа пее покрај Џош Гробан во песната „Сети се на мене“ (Remember Me), песна која е дел од филмот Троја. Номинирана е за ‘Најдобра оригинална песна напишана за филм’ во 2004 година (World Soundtrack Awards) за оваа песна, заедно со Џејмс Хорнер (музика), Синтија Вејл (стихови) и Џош Гробан (изведувач).
Таа е главниот вокал на музиката за филмот Страдањата на Христос.
Дурловски утринава беше приведен и од ОЈО е осомничен дека учествувал во тероризам.
Игор Дурловски, од миланската скала, приведен за тероризам бидејќи ја бранеше Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Роми бездомници кампуваат пред Министерство за труд, бараат од Царовска да им најде засолниште
-
Царовска молчи: Минималната плата во плико им се враќа на работодавачите, над 5000 текстилни работници ќе останат на улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода