| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите препорачуваат: Не излегувајте на сонце и пијте течности

 

Поради топлотниот бран што ја зафати Македонија, министерството за здравство ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите препораки во однос на заштитата од директна сончева изложеност и да избегнуваат подолг престој на отворено од 11 до 16 часот, да носат лесна и светла облека, да консумираат лесна храна и течности.

Граѓаните да внимаваат на хигиената на рацете и на хигиената при подготовката на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата.

Kомисијата за климатски промени при МЗ континуирано ја следи состојбата со топлото време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top