Министерството за финансии на аукцијата одржана на 28.11.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 5,345 милијарди денари (86,91 милиони евра).
Станува збор за 6-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 500 милиони денари со камата од 1,55%,12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4,6 милијарди денари со камата од 1,85%, 3-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 120 милиони денари со камата од 2,35% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 125,01 милиони денари со камата од 3,80%.
На 29 октомври 2017 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 5,345 милијарди денари (86,91 милиони евра).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.