Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.А. (42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 26.11.2017 година во казино на булeварот. „Партизански одреди“ во Скопје, пријавениот со закана со рачна пила, одзел околу 126.570 денари. Истиот ден бил извршен претрес во домот на пријавениот каде биле пронајдени поголем дел од одземените пари. Остатокот ги потрошил за свои лични потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.