Нема ден да не се пролее крв низ улиците на Скопје и други градови и неселени места во Македонија. Македонија стана многу опасно место за живеење. Владата на Зоран Заев место да го врати животот, ја донесе смртта во Македонија. Со мафијашко вледеење не може ништо друго да се очекува освен убиства, насилство врз граѓаните, тортура и заплашување, организиран криминал, закани и уцени.
За да ја оствари паталошката желба за власт по секоја цена Зоран Заев и СДС прибегнаа кон методите на невидено насилство. Го ставија во функција подземјето и докажани криминални структури кои работеа за постигнување на нивните мрачни сценарија, а сега ниту сакаат, а ниту можат да му стават крај на тој демон.
СЈО и натаму останува главна монструозна заканувачка и уценувачка организација финансирана од државата која служи само на СДС и Зоран Заев за рушење на ВМРО-ДПМНЕ и за кривично гонење на нејзините функционери и за заплашување на нивните членови и подржувачи. Под стаклено звоно се ставени сите други партии и функционери од ДУИ и СДСМ. Тие се недопирливи и “чисти како солза”, а само еден e црниот ѓавол, а тоа е ВНРО-ДПМНЕ. Бесрамно селективни и пристрасни, заслепени од подршката на командниот центар, отворено се закануваат дека ќе гонат и на смртна постела и ќе бараат најстроги казни. Така и постапуваат, непочитувајки ни Устав ни закон.
Серија грозоморни убиства
За многу кусо време од окулу 2 месеци во Македонија се извршени серија грозоморни убиства кои подсетуваат на времето на чикашкиот boss Al Kapone. Ќе подсетиме на неколку.
На булеварот „Слобода“ во центарот на Кичево на стотина метри од полициската станица, во текот на изборна кампања со повеќе истрели од огнено оружје бил убиен Алит Абази, носител на независна советничка листа на локалните избори, а тешко бил повреден шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу, додека трето лице било повредено од заскитан куршум како колатерална штета.
Скопје наликува на времиња на дивиот запад, криминал на улиците, а граѓаните небезбедни стравуваат за своите животи. Пред петнаесетина дена со повеќе истрели од пиштол е убиен младиот фудбалер Мартин Јанушев пред кафуле во општина Аеродром. Осумничениот за убиството Филип Секуловски, кој издржувал повеќегодишна казна за трговија со дрога, се наоѓа во бегство. На 24 ноевври во населбата Топанско Поле со автоматско оружје со повеќе истрели било пукано од возило во движење. Во ова крвава пресметка е убиен Исмет Арифи – Кока, а тешко бил повреден Ќемал Лусјани. Убиецот(ците) не се одкриени и фатени од полицијата. Тие се на слобода, како и нивните помагачи и нарачателите на овој крвав чин.
За пукотниците при прославите од локалните избори на плоштадот Скендербег и во Шуто Оризари и после повеќе од еден месец, полицијата не одкрила ниту едно лице, а пукотниците со автоматско оружје можеше да види целата македонска јавност. Зошто сеуште никој не е одкриен и никој не одговарал за ова? Ниту за пукањата од автомобили во движење никој не одговарал. Палењето на автомобили на паркинзите веќе и не може да се брои.
Во Струга, со нож бил прободен 28-годишен маж, на кого напаѓачот после прободувањето со јаже му ги врзал нозете и побегнал непознат правец. Во мафијашки стил на крајот летото среде бел ден со пиштол во Струга е убиен Дилевер Бојку Леку. На 26 ноенври со нож било прободено едно лице од Куманово пред неговиот дом.
И додека се привршуваат овие редови повеќе медиуми соопштија за уште еден крвав настан во Скопје. Според првичните сознанија, две засега непознати лица влегле вооружени во менувачницата и го нападнале сопственикот во обид да извршат разбојништво, при што сопственикот со пиштол ги убил двете лица.
Се нижат крвави настани како на филмска лента
И така се нижат крвави настани како на филмска лента. Граѓаните се избезумени и загрижена за својата безбедност и за безбедноста во државата. Што е ова што се случува? Ова никогаш не било досега? Секој може да биде потенцијална жртва на крвавите настани. Ова ли е сигурност на граѓаните? Ова ли е враќање на животот?
Ова не е враќање на животот. Ова е загрижувачко враќање на криминалот и мафијашките рекетарски банди. Зошто власта и полицијата не преземаат минимум неопходни мерки да се обезбеди поефикасна заштита на граѓаните и нивниот имот. До кога полицијата ќе биде ставена во подредена положба во служба на политиката. Ваквата неефикасност во одкривањето на сторителите и криминалните дела неможе да има никакво објаснување и оправдување, а најмалку тоа што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е потпреседател на СДС. Се поставува клучното прашање, дали власта сака да се справи со инволвираните криминални банди или е нивен должник и со тоа и се врзани рацете. Целата номенклатура е окупирана само со недокажаните и измислени обвиненија на СЈО против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и како тие да се осудат. Тоа е политички, а не правен прогон на една партија и нејзините функционери и членови. Дали со тоа смислено не им се остава простор на криминалните банди и рекетари да дивеат и вршат злодела. На ова и многуте други прашања, треба да одговори министерот Оливер Спасовски.
Политиката и подземјето никогаш не одат заедно. Последиците од тоа порано или подочна можат да бидат фатални. Тие веќе се чувствуваат. Го чувствуваат граѓаните, правните и физичките лица. И што да прават? Како во времето на најцрните времиња со мракот граѓаните да ги заклучат вратите и да не излегуваат!. Тоа ли е живот? Народот нема да дозволи да биде ставен во таква понижувачка положба и да биде жртва на криминални банди против кои не се преземаат потребните мерки за спречување на мафијашкото дивеење. Народот нема да дозволи да биде жртва и бара заштита на својот живот и имот и за заштита на Уставното уредување на државата и нејзиниот суверенитет и територијалниот интегритет.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.