Едно лице било полесно повредено во една од вкупно седум сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи за неправилно престројување и двајца возачи за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени вкупно 18 лица: еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 15 лица пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило и двајца возачи почетници. Петнаесет нерегистрирани возила биле отстранети од сообраќај. Затекнати биле 61 непрописно паркирано возило.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 63 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.