Владиката Агатангел со писмена реакција на писмото на МПЦ – ОА , со кое се заблагодарува на БПЦ. Смета дека со формирањето комисија се одложува до недоглед решавањето на црковниот статус на МПЦ-ОА.
Во писмото на владиката Агатангел е наведено : По повод Oдлуката на Светиот Архиерејски Синод на БПЦ- Бугарска Патријаршија, а во врска со признавањето на Автокефалноста на МПЦ-ОА, би сакал да Ве информирам дека сум изненаден од веста дека постои Соопштение на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ – ОА не заседавал по ова прашање и јас како еден од Владиците не сум запознат за тоа кој ја соопшти оваа вест дека нашиот Синод и благодари на БПЦ за нивната одлука и решение дека тие ќе формирале комисија за преговори со другите помесни православни цркви за признавање на Автокефалноста на МПЦ-ОА.
Фомирањето на комисија може да го одложува решавањето на нашиот црковен статус до недоглед. По нашето писмо кое го доставивме до БПЦ, а кое не беше едногласно прифатено од Светиот Синод на МПЦ-ОА како краен резултат еве денес што добивме како решение. БПЦ сега се преставува и прифаќа да биде мајка – црква, без притоа да има било каква обврска кон нашиот Автокефален статус што е уште една навреда кон МПЦ-ОА, кон македонскиот народ, кон македонската нација.
Дозволуваме еден човек кој се прави ,,побожен,, а е длабоко навлезен во ,, прелест,, да ја заблудува целата македонска јавност.
Но Господ Исус Христос , Мајката Божја Богородица, Светиот Апостол Павле, Светиот Климент Охридски и новиот наш светител Свети Гаврил Велички кои се постојани молитвеници пред Престолот Божји – тие ја чуваат Македонија и ќе ја заштитат МПЦ-ОА од сите наезди кои доаѓаат и од црковниот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.