Фотографиите кои неодамна ги објави водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска, од одморот во Боровец предизвикаа внимание на социјалните мрежи. Особено што излегоа фотографии од извесен Абдија Асанаи, кој се фотографирал во истите пози како и Јелена, па многумина помислија дека се во љубовна врска.
Водителката сепак тврди дека не е така и дека тие се само пријатели.
– Таму бевме поголемо друштво, и тоа сместени во две викендички, „Малина“ и „Јагода“, кои се една до друга. Во саботата вечер се собравме цело друштво и правевме фотосесија. Повеќе луѓе ги имаат истиве пози и фотографии како јас и Абдија. Не е фер што веднаш ме поврзаа со Абдија, кого го знам од многу одамна и се дружиме, изјавила Спенџарска за порталот Репортер.
Таа открила и дека има момче, но дека засега не сака да открива кој е.
Викендот во Боровец ги издаде: Дали е ова тајното момче на Јелена Спенџарска? (фото)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.