Почитувани љубители на театарската уметност, Театар Комедија информира дека ја продолжува својата општествено одговорна и хуманитарна акција – продажбата од билетите од последната претстава секој месец да ја донира за хуманитарни цели.
Овој месец Театар Комедија во среда, на 29.11.со почеток во 20:00 на изведбата на „Мечка“ од А.П.Чехов и така на нашата сограѓанка (М.Ј.) со собраните финансиски средства од продадените билети да и помогнеме при успешно лечење на оштетениот вид. Претставата „Мечка“ од А.П.Чехов е во режија на Димче Николовски, а во која играат Жарко Димоски во улогата на Смирнов, Жаклина Петровска во улогата на Попова и Илија Илиоски во улогата на Лука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.