28 годишно момче е рането во престрелка што се случила вечерва во 19.40 часот во близна на општинските бараки во скопската населба Бутел.
Според информациите на Канал 5, во престрелката повреден бил скопјанецот О.И., а во него пукал 26 годишниот Ј.Р.
Повредениот бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје со прострелна рана во ногата. Неговиот напаѓач избегал од местото на инцидентот. МВР најави повеќе детали за утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


