| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца советници ја напуштиле советничката група на СДСМ во Бутел

Двајца советници од советничката група на СДСМ во општина Бутел, денес на првата конститутивна седница на Советот ги напуштија редовите на партијата и станаа независни советници, поради непринципиелните политики на СДСМ и несогласувањата околу изборот на претседател на Совет, функција која од страна на партијата била ветена најмалку на двајца избрани советници, од кои ни двајцата не биле избрани. Советот останува нефункционален, а со тоа и општината.

Имено на денешната конститутивна седница советниците од СДСМ, Анкица Трпковска и Чедо Николовски седнале одвоено од советничката група на СДСМ и јавно се изјасниле дека ќе делуваат и работат како независни советници во интерес на жителите на Бутел, а не во склоп на СДСМ.

Во врска со случувањето на седницата на својот фејсбук профил напиша и Дарко Костовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на локалните избори.

– Имено денеска на првата седница на советот на општина Бутел требаше да се избере претседател на Совет, според првичните информации СДС за ова место го планираше Наим од Љуботен, но откако СДС ни од блиску не успеа да обезбеди мнозинство се откажа од свој предлог за претседател на Совет, напиша Костовски.

„Она што е ИНТЕРЕСНО е тоа што денеска двајца советници од листата на СДС откажаа послушност и отидоа против СДС“, продолжува тој.

– Се на се циркуз од големи размери, непринципиелните ветувања кои ги правеше СДС во Бутел за време на кампањата уште од прв ден им се удрија од глава. Со непринципиелна политика добиваме тотално дисфункционална општина!!! Хаосот допрва почнува, потенцира Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top