Под душек
Душекот на креветот е едно од првите места каде што крадците прво ќе проверат дали некој во домот таму крие пари.
Домашен сеф
Сеедно е дали сефот е голем или мал, дали има шифра, катанец или клуч. Дури и ако е прицврстен на ѕид или на мебел, нема гаранција дека тој нема да биде обиен.
Фиоки, орманчиња
Дури и парите да ги чувате под клуч во фиоки или орманчиња, крадците се добро опремени со потребните алати, но и многу добро изверзирани да ги отклучат бравите.
Корпи за валкана облека
Туѓата валкна долна облека никого не го привлекува, но се чини како добра идеја за чување пари. Но, не е нималку тешко да се преврти корпата и оттаму да „излелат“ парите, ако некој таму ги чува.
Зад слики или под ламби
На овие места не може да се сокрие премногу пари, бидејќи ќе паднат во очи.
Закопано богатство
Многу е мала веројатноста дека крадците ќе го пребаруваат дворот во куќата. Дупката е можеби најдобра идеја, но во ова решение има мана: ќе заборавите каде сте ги сокриле парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.