| четврток, 6 декември 2018 |

Судијата мораше да викне обезбедување поради Цеца – Карлеуша проговори за инцидентот во судот

Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ повеќе од две децении војуваат и одат по судови, а на последното рочиште и двете дојдоа насмеани и ниедна не коментираше што се случувало зад затворените врати во судницата.

Имено, познато е само дека судијата се обидел да ги смири пејачките и да ги натера да се откажат од тужбата и да ги закопаат воените секири, но тоа не вродило со плод.

Сега Карлеуша кратко се огласи за судењето кое се одвива во тајност.

– Поради агресивноста на Цеца, судијата мораше да го притисне тастерот за паника и да викне обезбедување – напиша таа без да додава детали.

Цеца се нема огласено за судењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top