Претставничката на Русија, 14-годишната Полина Богусевич, победи во финалето на меѓународниот натпревар за песна на „Детска Евровизија 2017“, кој се одржа вечерва во грузиската престолнина.
Полина собра 188 поени, со песната „Крилја“, а по неа следеше 12-годишниот Грузиец, Григол Кипшидзе кој освои 185 поени и австралијката Изабела Кларк со 172 поени – за песната „Speak Up!“
Оваа година, за прв пат, во изборот на победникот во конкурсот за деца можеа да учествуваат и гледачите со онлајн гласање.
Полина доби 122 поени од националните жириа и беше втора по грузискиот претставник, но по пребројувањето на гласовите од гледачите, таа собра уште 66 поени и победи со вкупно 188. Највисока оценка – 12 поени, руската претставничка доби од националните жириа на четири земји-учеснички – Австралија, Грузија, Македонија и Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.