| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштањето на Темелко од Шутка е заедничка победа: Следната недела голем протест на ВМРО – ДПМНЕ против сите неправди

ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестниот собир пред Влада кој беше најавен за вечерва во 19 часот. Како што соопштија од партијата, протестот е одложен за на 3 декември (недела) во 18 часот.

Собирот требаше да биде реакција на одлуката за притворот на градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, но денеска Кривичниот суд му ја укина мерката притвор на Темелко и му ја замени со куќен притвор.

Неофицијално, од партијата се сомневаат дека одлуката за да му се укине притворот на Темелко доаѓа по нивната најава за организирање на протести.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пуштањето на Темелко од Шутка е заедничка победа. Потенцираат дека протест ќе има следната недела против сите неправди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top