Шпанија доминира во фудбал во сите можни категории на европската сцена, кога се во прашање националните селекции. Вечерва „црвената фурија“ ја одбрани титулата на ЕП во Израел за играчи до 21 година. Тијаго Алкантара блескаше со 3 гола, а во финалниот натпревар „падна“ најтрофејната селекција во Европа, Италија. Младите Шпанци славеа со 4-2.
Последниот погодок за старо-новиот шампион го даде Иско од пенал, додека стрелци за Италија беа Имобиле и Борини. „Аѕурите“ остануваат на врвот на вечната листа со 5 титули. Сега Шпанија е зад нив со 4 трофеи.
„Црвената фурија“ ја продолжи доминацијата на сите полиња во светскиот и европскиот фудбал и е актуелен владетел со сениорскиот тим, со селекцијата до 21 година, а ја има круната и за играчи до 19 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја



