| четврток, 6 декември 2018 |

Вкусен рецепт: Баклава со тиква и кокос

Потребно е:
500 гр кори за пита

за шербетот:
500 гр шеќер
600 мл вода
1 лимон

за филот од тиква:
1 кг изрендана тиква (на крупната страна од рендето)
150 гр брашно од кокос
4 кесички ванилин шеќер

за премачкување на корите:
100 гр кокосово масло или путер

Подготовка:
– Измијте ја тиквата убаво и после излупете ја и исчистете ја од семките. Исечете ја на парчиња и изрендајте ја на крупно ренде.

– Сварете го шербетот. Во сад на рингла сипете ја водата, шеќерот и лимонот. Кога ќе почне да врие оставете го да врие 15-тина минути за да добиете погуст шербет. Оставете да се излади.

– Растопете го кокосовото масло или путерот. Премачкајте ја тавата и ставете ја првата кора и премачкајте ја со маснотијата. На истиот начин ставете уште две кори. Сега на третата кора ставете од филот со тиква и посипете со кокосово брашно кое претходно сте го измешале со ванилиниот шеќер. Сега почнете повторно со редење на корите, се по три. Овде одат 4 слоеви кори и 3 слоеви фил.

– Така наредената баклава исечете ја на коцки, а секоја коцка дијагонално на половина. На тој начин од една коцка ќе добиете два триаголника.

– Баклавата печете ја во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 1 час.

– Печената баклава уште врела прелијте ја со изладениот шербет. Оставете да отстои преку ноќ за да се впие убаво шербетот.

– По желба во филот може да ставите малку изрендана кора од портокал или малку цимет.
20 ФОТОГРАФИИ кои докажуваат дека ПРИРОДАТА Е БЕЗМИЛОСНА – не и е грижа за луѓето
ВИДЕО: Неверојатни РЕАКЦИИ – луѓе гледаат ПОРОДУВАЊЕ за прв пат
20 смешни фотки кои докажуваат дека ДЕЦАТА се многу чудни
27 смешни фотки – ќе се запрашате – ШТО по ѓаволите, СЕ СЛУЧУВА овде?!

АКТУЕЛНО
Новите автобуси секојдневно се расипуваат – вадат делови од панорамските за да ги поправат двокатните
Новите автобуси секојдневно се расипуваат – вадат делови од панорамските за да ги поправат двокатните
Прекинатиот попис е дел од „бомбите“ – се води предистражна постапка во СЈО
Прекинатиот попис е дел од „бомбите“ – се води предистражна постапка во СЈО
Лилјана Петровиќ: Одам во Крушево и нема причина да се мразиме со родителите на Тоше
Лилјана Петровиќ: Одам во Крушево и нема причина да се мразиме со родителите на Тоше
(ВИДЕО) Заев: На Дрисла нема радио-активен отпад, се прават анализи
(ВИДЕО) Заев: На Дрисла нема радио-активен отпад, се прават анализи
Пратениците изгласаа – акцизата на дизелот ќе се зголеми за 3 денари по литар
Пратениците изгласаа – акцизата на дизелот ќе се зголеми за 3 денари по литар
Собранието ја почна па ја прекина расправата за именување државен јавен обвинител
Собранието ја почна па ја прекина расправата за именување државен јавен обвинител
ВИДЕО: Над 500 работници даваат отказ од штипска фирма – странски ивеститор
ВИДЕО: Над 500 работници даваат отказ од штипска фирма – странски ивеститор
Кривична пријава за бесправно градење од полицијата на сведокот на СЈО во „Труст“
Кривична пријава за бесправно градење од полицијата на сведокот на СЈО во „Труст“
ГАЛЕРИЈА: На Водно започна да важи забраната за автомобили и бесплатните автобуси за викенд
ГАЛЕРИЈА: На Водно започна да важи забраната за автомобили и бесплатните автобуси за викенд
МВР со детали за престрелката во Чаир – убиениот и ранетиот излегле од чајџилницата, влегле во возило па било пукано во нив
МВР со детали за престрелката во Чаир – убиениот и ранетиот излегле од чајџилницата, влегле во возило па било пукано во нив
ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top