Синока во Центарот за култура во Битола, одржа концер познатата музичка група „Баклава“.
„Баклава“ е основана во 2005 година, како резултат на спојот на индивидуалните музички искуства на нејзините членови во различни проекти. Со минималистички музички концепт, клучниот предизвик е создавање на авторска музика во жив дијалог со естетските дострели на светската музика. Како четворка, именувањето во „Баклава“ не беше земен само како синоним на турскиот, исклучително благ деликатес, туку како синоним на ромб, совршената геометриска форма, или пак боја во картите. Во исто време, баклавата е вообичаен симбол на македонската изворна традиција, претставувајќи еднаквост, сплотеност на културните разлики во уметноста и четирите страни на светот.
„Баклава“ има три различни изданија, од традиционална до светска музика, преработки и авторски песни, мешавина од повеќе јазици и музички стилови… Додека нивниот прв албум „Баклава“ е концертен, „Калемар“ е нивниот прв студиски албум, и е создаден од композиции од самите членови. На третиот албум наречен „Me mankas mucho“ (Многу ми недостигаш), ќе сведочите на едно преплетување на мелодијата од различни народи, култури и религии. По многу настапи, албуми, неколку музички спотови, свој документарец, тие ќе имаат неколку песни и во филмот „Трето полувреме“.
Вообичаено на сцена можете да ги видите Елена Христова (вокал), Дејан Сибиновски (деф), Дејан Теодосиевски (виолочело) и Ѓорѓи Клинчаров (тамбура). „Баклава“ беа во Данска, Шпанија, Франција, Германија, Чешка, Белгија, Романија, Турција, Србија, Италија…
фото: Димитар Петковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.