Пред три недели пејачот Тони Цетински со својот автомобил згази човек во една од ровињските улици. Официјалните наоди од обдукцијата се уште не се стигнати, па и натаму е неосновано да се зборува дали тој е виновен или не за неговата смрт.
Иако многумина мислеа дека уште долго нема да се врати на бината, пејачот тоа го направи синоќа на концерт во Задар. Некои со одушевување го прифатија неговото враќање на сцената, но имаше и такви со поинакво мислење.
Тони ја искористи можноста да се обрати на сите кои уживаа во неговите песни.
-Ме кренавте, ќе продолжам со концерти. Како што велат луѓето и како што ми рековте сами за време на овие денови, животот оди понатаму. Морам да живеам понатаму, морам да се занимавам со оваа работа -истакнал Тони пред преполната сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Два пати банкротираше, боледува од тешка болест, но сега конечно е среќна
-
Да е човек, би го свртел мојот број и би изразил сочувство-исповед на човекот чиј татко заврши под тркалата на Цетински!
-
Се фрлија 150 тони сол низ сообраќајниците во Скопје
-
Михајловски: Во Македонија власта ја бира народот преку фер и демократски избори