Еден корисник на Imgur на таа страница објави снимка која ќе ги уплаши сите оние кои се плашат од авиони. Имено, рамката на прозорецот, до кој седел во текот на летот, била толку лабава што можел со рака да ја оддели од ѕидот на авионот. “Дали треба да се загрижам или …?” напишал во описот на снимката.
Но, пилотот Патрик Смит (Patrick Smith) за „Дејли мејл“ (Daily Mail) објасни дека тоа не е ништо опасно.
-Тоа е само површинскиот слој кој го штити надворешното стакло. Признавам дека изгледа непријатно и непрофесионално, но не претставува безбедносен ризик, откри пилотот.
-Тоа сигурно не е безбедносно прашање, тоа е едноставно лабаво парче на кабината. Внатрешниот прозорец е тука да го заштитат главното стакло од гребнатини и да ја намали бучавата, а служи и како термички изолатор. Надворешниот прозорец е фиксиран за трупот на авионот и запечатен, така што внатрешноста на авионот неможе да биде под притисок, така што овој лабав дел не може да има никакво влијание, освен што изгледа неуредно,се согласува и Даи Витингам (Dai Whittingham), директор на Комитетот за безбедност на летови во Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Момчето се обидува да побегне, убиецот го брка – вознемирувачка снимка од ликвидацијата во Подгорица
-
Фасцинантна глетка: Можно ли е патник во авион да снимил анѓели? (видео)
-
Вистински паднат ангел снимен со камера: Неверојатна снимка што ќе ве остави без текст
-
Снимка од дрон покажува колку е Мексико Сити уништен по земјотресот