| четврток, 6 декември 2018 |

Тежок физички напад во Илинден – на улица го претепале двајца

Триесетгодишен жител на скопската општина Илинден вчера пријавил во полиција дека после полноќ позади Домот на културата во таа населба бил пресретнат и физички нападнат од страна на две непознати лица.

МВР информира дека едното лице со нож замавнало и го удрило во пределот на градите, а другото лице одзади го удрило со остар предмет во грбот и му нанеле повреди. После тоа, сторителите избегале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top