| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците се најрелигиозен народ на Балканот

Со 88 проценти, Македонците се најрелигиозен народ на Балканот. Ова го покажуваат податоците од студија што во светски рамки ја спроведоа „Галуп интернешнл“ и „Вин“.

По нас следат Хрватите, каде 70 проценти од населението се изјаснило како религиозно.

Петте земји во светски рамки каде што најголем процент од испитаниците се идентификувани како религиозни се Етиопија, Малави, Нигерија, Шри Ланка и Јемен, каде што позитивно се изјасниле околу 99 проценти од луѓето.

Религијата најмалку го засега населението во Кина (7%), Јапонија (13%), Естонија, Шведска и Норвешка, односно 16, 19 и 21 процент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top