| четврток, 6 декември 2018 |

Роденденски концерт на Македонската филхармонија

„Среќен ти роденден!“ е насловен вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија со кој најстарата музичка институција во Македонија ќе одбележи 73 години постоење.

На програмата се Прелудиум за оркестар бр. 2 од македонскиот композитор Панде Шахов, виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 1 од Карл Голдмарк, на кој како солист ќе настапи македонскиот истакнат виолинист Љубиша Кировски, како и атрактивната симфониска поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин од 1928 година.

На концертот ќе му претходи кус ретроспективен осврт на историјатот на Македонската филхармонија на музикологот Марко Коловски, а ќе биде најавена и скорешната изложба на фотографии наречена „Маестро“, посветена на најзначајните диригенти на Филхармонијата. Спонзор на првата едиција „Маестро“ е „Арс Ламина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top