Зенит е предаден на Дисциплинската комисија на УЕФА поради транспарентите со политичка содржина на синоќешниот натпревар против Вардар во Санкт Петербург од Лигата на Европа.
Навивачите на Зенит на мечот се појавија со транспарент со поддршка за поранешниот српски генерал на војската на Југославија, Ратко Младиќ кој беше осуден со доживотна робија за воени злосторства во БиХ. „Ратко Младиќ – херој на Србија!“ – е спорниот транспарент забележан од делегатот на натпреварот поради кој е покрената дисциплинска постапка.
Вчера и навивачите на Партизан, „Гробарите“ на мечот со швајцарски Јанг Бојс се појавија со транспарент за поддршка на Младиќ, но во нешто прикриена форма поради молбите од раководството на Партизан да не се истакнуваат спорни транспаренти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.