| четврток, 6 декември 2018 |

Нетанјаху призна дека тајно соработува со арапските земји

Плодната соработка со арапските земји генерално е тајна, но убеден сум дека односите со нив ќе продолжат да созреваат и тоа ќе ни овозможи да го прошириме кругот на мирот, изјави Нетанјаху во говорот по повод 44-годишнината од смртта на основачот на Израел Дејвид Бен Гурион.

Тој додаде дека мирот со арапските земји ќе дојде, бидејќи тоа се случува постојано, скриено.

Заедничките предизвици на арапските земји и Израел како што е зајакнувањето на иранското влијаение на Блискииот Исток создаваат заеднички интереси, оценуваат израелски аналитичари и посочуваат дека тоа може да доведе до промена на дипломатската ситуација во регионот.

Шефот на израелскиот Генералштаб, Гади Ајзенкот изјави дека Израел е подготвен да соработува со Саудиска Арабија со цел спротивставување на Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top