Вечерва во Ст. Петерсбург петти пораз по ред за македонскиот шампион во дебитантската сезона во Лига Европа.
Избраниците на тренерот Чедомир Јаневски се покажаа во досега најдобро издание во групата Л, во Русија загубија минимално со 2:1 од Зенит.
На „Крестовски“ стадионот во текот на првото полувреме поведоа домаќините со голот на Полоз во 16. минута, потоа асистентот на тој погодок Дзјуба не реализираше пенал во 27-та, откако неговиот удар го одбрани Гачевски.
Пред крајот на првото полувреме после една загубена топка на Демири, во 43. минута на еден прекрасен начин за зголемување на предноста се погрижи Ригони.
Вардар беше далеку поактивен во вториот дел, создаваше шанси, во 72. минута Џигаури одлично шутираше, но уште подобро реализираше домашниот голман Лодигин.
Сиот налет на „црвено-црните“ барем да го ублажат поразот се исплати во 93. минута, после еден изведен корнер на Фелипе, еден фантастичен еврогол постигна Блажевски за поставување на конечниот епилог.
Лига Европа, 5. коло
Група Л, резултати:
Зенит-Вардар 2:1
Розенборг-Реал Сосиедад 0:1
Табела:
1.Зенит 13 бодови
2.Реал Сосиедад 12
3.Розенборг 4
4.Вардар 0
Последно, 6. коло (двојки):
7. декември (21:05 ч.)
Реал Сосиедад-Зенит
Вардар-Розенборг
-Со вечерашните победи официјално пласман во нокаут-фазата обезбедија екипите на Зенит и Реал Сосиедад кои во последното коло ќе се борат за првото место во групата, а Вардарци својата последна, можеби и најдобра шанса за освојување на првите бодови ќе ги има на „Филип Втори“ Арената против норвешкиот Розенборг.
Видео од голот на Блажевски, на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.