| четврток, 6 декември 2018 |

Блажевски го собори рекорд на Маленко стар 18 години

blazevski

Најдобриот македонски пливач Марко Блажевски постави нов државен рекорд на 400 метри мешовито со време од 4.23,51 минута. Ова време на Блажевски постигнато на натпреварот во рамките на шампионската серија „Спидо“ во Бафало, САД, беше подобро за повеќе од четири секунди од рекордот на Александар Маленко, стар 18 години (4.27,62 минути) забележан на Европското младинско првенство во Копенхаген, Данска, на 7 август 1996 година.

На првиот ден од натпреварите во Бафало одлични резултати постигнаа и македонските пливачки Анастасија Богдановски, која на 200 метри слободно забележи најдобро лично време од 2.04,78 минути, и Вера Блазжвска, која постави личен рекорд на 100 метри градно, 1.17,79 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top