Сѐ додека Скопје инсистира на идеолошката конструкција на македонизмот, до тогаш вратата на НАТО ќе биде затворена, а процесот на евроинтеграција замрзнат, порача грчкиот претседател Каролос Папуљас преку српскиот весник „Политика“. Според него, Грција направила значајни чекори за да се дојде до заедничко прифатливо тло во преговарачкиот процес.
-Г рција го помина делот од патот кој ѝ припаѓа. Очекуваме од Македонија да се откаже од својата постојана непопустливост и да го помине растојанието кое ѝ припаѓа за да се најде дефинитивно решение – додава Папуљас.
Според него, не ја прифатиле Македонија под уставното име и со тоа го признале легитимитетот на грчкото противење.
– Според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, тоа име нема да биде само за меѓународна или делумна употреба, тоа име треба да биде со географска одредница за сите употреби – ја повторува Папуљас грчката позиција за севкупна употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


