Едно лице било потешко повредено во една од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет незгоди биле полесно повредени шест лица, а во четири била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и четири лица неправилно се престроиле.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 10 лица: двајца под дејство на алкохол, шестмина пред да се стекнат со право на управување на патничко моторно возило и двајца возачи почетници. Санкционирани биле и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и 10 возачи кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 79 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 91 возило. Одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот