Најниска температура изутринава во седум часот е измерена во Берово, минус четири степени целзиусови, по што следат Скопје Петровец и Тетово со минус три, Битола, Струмица и Демир Капија со минус два, Лазарополе, Штип и Куманово. со минус еден. Нула степени се регистрирани во Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Крива Паланка, еден во Охрид, Гевгелија и Претор, два во Пожаране, Виница, Маврово и Крушево, три во Тополчани, четири во Ѓуриште и Дојран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Изутринава е претежно ведро и релативно студено. Во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини со слаба магла или заматеност.
Утре сончево со умерена облачност и тивко, по одделни котлини со појава на магла.
Како што најавува УХМР, и за време на викендот продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла по одделни котлини. В недела ќе биде пооблачно, а кон крајот на денот подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на влажен бран што во текот на ноќта и во понеделник преку денот ќе услови врнежи од дожд, како и врнежи од снег на планините, па и на некои повисоки места. Ќе дува и повремено засилен северен ветер проследен со намалување на дневните температури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Подгответе се: Од невообичаени високи температури и сонце одиме на 0 степени
-
Вистинско лето во октомври: Детална временска прогноза за цела недела
-
Температурата и наредниов период ќе биде под просекот за овој период од годината
-
Повеќе дожд и без пеколни температури – еве какво лето не чека оваа година!