| четврток, 6 декември 2018 |

Лекари и медицински персонал заминуваат од Лондон поради Брегзит

Околу 122.000 Европејци, вклучувајќи голем број лекари и медицински персонал, заминаа од Велика Британија поради несигурноста во која ќе се најдат по излегувањето на таа земја од Европската Унија, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

– Точно 17 месеци откога Британците одлучија да ја напуштат ЕУ, голем број Европејци одлучија да ја напуштат таа земја. Околу 122 илјади веќе ги спакуваа куферите, додека бројот на новопристигнатите е намален – наведе весникот.

Пред одлуката за Брегзит, британската Национална здравствена служба (НХС) имала хроничен недостиг на персонал, па тоа прашање го решаваше со персонал од Европа. Меѓутоа, НХС сега има 40.000 испразнети работни места за медицински сестри.

Европејците стравуваат дека ќе ги „изгубат своите права, работа, пензии и пристап до бесплатно здравство“, наведува „Њујорк тајмс“. Во написот се истакнува дека по референдумот за Брегзит во јуни 2016, околу 10 илјади здравствени работници од земјите од ЕУ ја напуштиле Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top