| четврток, 6 декември 2018 |

Осумдесетгодишна жена во Струмица нападната и ограбена на улица

Осумдесетгодишна жена синоќа била физички нападната додека се движела по тротоар на улица во Струмица и притоа и била украдена чантата од страна на непозната жена.

Откако и ја украла чантата, таа се обидела да побегне од местото и да влезе во паркирано такси возило во кое имала оставено бебе. Во тоа ја спречиле неколку малолетни лица кои и ја одзеле ташната и и ја вратиле на 80-годишната Р.М.

Сторителката која имала оставено бебе во такси возилото, го зела детето и го напуштила местото на настанот.

Оштетената по проверката на ташната констатирала дека во неа недостасува паричникот. Во нападот таа се здобила со повреди, по што била пренесена во Јавната здравствена установа-Струмица каде и била констатирана тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top