| четврток, 6 декември 2018 |

Синодот не сака БПЦ да стане мајка на МПЦ – одговорот и официјално ќе пристигне до 27 ноември

Одговорот на барањето Бугарската православна црква да стане мајка-црква на Македонската правиславна црква, потпишано на 9 ноември од поглаварот на македонската црква може да биде негативен, велат извори од БПЦ. Синодот на БПЦ за ова ќе расправа на 27 ноември, пишува бугарскиот весник 24 часа.

Според овој весник, ова барање на МПЦ-ОА доаѓа непосредно пред ратификацијата на Договорот за пријателство и добрососедство на парламентите на двете земји и пред утрешната заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Струмица.

Познавачите на црковните прашања во Бугарија сметаат дека негативниот одговор на БПЦ ќе биде резултат главно на стравот на бугарските свештеници од реакцијата на другите православни цркви, пред сѐ на српската и на грчката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top