| четврток, 6 декември 2018 |

МВР реагира на текстот за фастакот на Шекеринска

Отпечатоци на  Горан Живаљевиќ, советник во српската Амбасада во земјава и офицер на Безбедносно-информативната агенција (БИА), биле пронајдени на фастакот кој синоќа и залетна на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при што беше пренесена на Ургентен, информираше утринава министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Крим техника уште веднаш по инцидентот изврши увид на фастакот кој и залетна на министерката Шекеринска. По деталните проверки на форензичарите, можам само првично да информирам дека на фастакот беа пронајдени отпечатоци од Горан Живаљевиќ, кој претходно беше вмешан во настаните од 27 април. Истрагата продолжува. – изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот истакна дека фастакот не е од јавната набавка која ја изврши министерството со која за 5.000 евра беа набавени фастаци, бадеми и лешници за потребите на министерството.

Тоа се дезинформации на медиумите блиски до опозицијата при што директно се затскрива работењето на Горан Живаљевиќ во Македонија. Фастакот бил подметнат во чоколада со лешници, мислејќи дека е лешник мојата драга пријателка го голтанала фастакот кој и завршил во душникот. Фала му на бога што на крајот се се заврши добро и по лекарската интервенција мојата драга пријателка е пуштена на домашно лекување. – изјави Спасовски.

Спасовски додаде дека за оваа диверзантска акција на српската агентура во Македонија, премиерот Заев го информирал и српскиот колега Александар Вучиќ, кој му дал ветување дека ќе формира комисија која ќе ја истражува вмешаноста на БИА во овој обид за атентат врз Шекеринска.

Шекеринска префрлена на Ургентен – ѝ залетнал фастак

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Луди Чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top