| четврток, 6 декември 2018 |

Живаљевиќ се правда со советникот на Иванов: Алексоски ми одобри да бидам во Собранието на 27 април

Поранешниот советник за безбедност во српската амбасада во Скопје, Горан Живаљевиќ, ги негираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, дека македонските институции не му одобриле да влезе во Собранието, на 27-ми април, за време на упадот во парламентот.

Живаљевиќ, вели дека за неговото присуство во Собранието добил одобрение од советникот за безбедност на претседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски.

-Тој човек знаеше за причините за моето присуство таму, и за тоа беше известен. Мојата мисија таму не беше тајна, и беше добронамерна во однос на безбедноста на Македонија, во контекст на соработката која ја имаме со македонските безбедносни служби- рече Живалјевиќ за српската агенција Танјуг.

Ова е прва негова изјава по настаните во Собранието, во која тој додава и дека ВМРО-ДПМНЕ „намерно ја прескокнува инстанцата претседател на земјата“.

-Моето пријавување за активност таа вечер, на 27 април, беше насочено на самиот кабинет и на неговиот советник за безбедност- вели Живаљевиќ. Горан Живаљевиќ, е снимен за време на упадот во Собранието, каде направил и селфи.

Тој беше повлечен на 15-ти јуни, пред истекот на неговиот мандат во Скопје, а како реципрочна мерка истото го направи и неговата македонска колешка од амбасадата во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top