До јули сите компании треба да се регистрираат на новиот систем на УЈП за е-Даноци.
Користењето на електронските сервиси е законска обврска, бидејќи од 1 јули данокот непречено ќе се пријавува преку интернет сервисот на УЈП, односно ќе се пријавува ДДВ и данок на добивка за ДДВ обврзници. Од тогаш на шалтерите веќе нема да се примаат ДДВ пријави и Даночни биланси за данок на добивка во хартиена форма.
Доколку компаниите не се приспособат во новите услови во даночното работење, нема да можат навреме да ја поднесат ДДВ пријавата за што следи казна до 3,5 илјади евра. Постапката за регистрација е едноставна, а се врши преку интернет страницата на е-Даноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство