| четврток, 6 декември 2018 |

Бездушници

Михајло Маневски

Денес на денот на Св.Архангел Михаил, го молам Господ да го спаси овој народ од бездушници и засилени јуришници кои на народот му прават големо зло. Зоран Заев и неговата врхушка секојдневно ја растураат неговата државата. Предавници и платеници во служба на туѓи интереси, сакаат да го грабнат бичот Божји и да го сатанизираат народот. На најголем удар се тие кои дадоа најголем придонес за развој на Македонската држава и македонскиот народ. Токму тие, кои се бореа и се борат за зачувување на името на државата, на идентитетот на народот, на неговата историја и култура, треба да бидат ставени на ломача. Секојдневно сме сведоци на невидена тортура спрема жртвите на СЈО и неговиот команден центар. До кога ќе трае тоа?

Го молам Господ да му ја спаси душата на Едмонд Темелко, кој тешко болен гние зо затвор без законски разлози. На човекот не му дозволуваат ниту соответна медицинска нега и заштита. Ќе го судат и на смртна постела. Дека ќе ги судат и на смртна постела сурово се закани обвинителката Фатиме Фетаи. Бездушно и нечовечки. Дали таа знае дека никој не е крив се додека не се докаже неговата вина со правосилна пресуда? Дали знае дека мора да се почитува човековото достоинство и дека не сме да се навредува личноста на обвинетиот.

Спрема Едмонд Темелко се постапува сурово и нечовечки, со што најгрубо се руши човековото достоинство. Залудни се барањата на граѓаните од Пустец на Едмнод Темелко да му се дозволи да се лечи, па дури и на претседателот на Албанија г. Илир Мета чиј државјанин е. На единствениот македонски градоначалник во Албанија во затвотрот во Шуто Оризари полека му се гаси животот, обесправен од најелементарните човекови права на живот и здравје. Бесчувствително и бездушно. Но за тоа се сноси и одговорност и на тие што човекот го ставија и што го држат во затвор без почитување на неговите елементарни права.

Некои обвинители од СЈО постапуваат спротивно не елементарните законски норми, како да се тие џелати, а не обвинители, кои треба стручно, совесно и одговорно да ја врша својата функција еднакво спрема сите, а не селективно. Се удира само спрема функционери од врвот на една партија од ВМРО ДПМНЕ. Кога ќе дојдат на ред другите учесници од ДУИ, за кои г. Зијадин Села точно наведе во едно интервју колку кривични пријави има поднесено против функционери од ова партија, кои стојат во фиока. Тоа ли е правда на ова СЈО?.

Како слеп послушник Катица Јанева исполнува една агенда за уништување на една патрија со незаконско гонење на нејзините функционери и членови. Не заради тоа што строриле некакви кривични дела, туку само заради тоа што се борат за македоската кауза. Независно од тоа што се вршат закани и притисоци од невидени размери, таа борба ќе продолжи и нема да престане, а на послушниците и предавниците ќе им суди народот.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top