Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, поканет во емисијата “Зиг Заг” на телевизија АРТ Ченал, зборуваше за решавањето на спорот со името со Грција, при што кажа дека на средбата на медијаторот Метју Нимиц со претставници на двете држави очекуваат конкретен финален предлог за трајно решение на името.
-Ние сега чекаме конкретен предлог од Нимиц, кој се надеваме дека ќе биде финален предлог. Ние сме сериозни за да најдеме трајно решение, а не привремено решение. Ние сме одлучни да влеземе во сериозни преговори за да го затвориме прашањето за името, рече Бујар Османи во интервју на телевизита АРТ Ченал.
Што се однесува на декемврискиот состанок со посредникот на Обединетите Нации за спорот со името, Метју Нимиц, тој истакна дека од оваа средба ќе излезе еден пакет со решенија.
– Очекувањата се дека Нимиц ќе излезе со пакет решение за ова прашање и се надевам, не ги знаеме деталите на понудата, но јас не мислам дека и грчката страна има познавање на содржината на овој пакет, кој ќе биде понуден од страна на Метју Нимиц. Се надеваме дека ќе биде пакет на компромис. Од ова решение и двете страни треба да излезат незадоволени. Ние не може да очекуваме решение кое ќе ги задоволи двете држави, рече заменик-премиерот Османи, во емисијата “Зиг Заг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“