| четврток, 6 декември 2018 |

Кога се разделивме, го видов рајот во твоите очи – Тајчи се прости од сопругот

Пред седум дена, некогаш популарната пејачка Тајчи, остана брз сопругот Метју. Тој почина после подолга борба со непушачкиот рак на белите дробови.

Вчера во Америка, каде живееше со сопругот и двете деца, Метју бил погребан.

На својот Инстаграм профил, Тајчи со потресна порака се прости од својот партнер.

-Кога се разделивме, во тој момент го видов рајот во твоите очи. Можев да слушнам шепот во моето болно срце: Животот е пат на душата, а кога ќе заминеме, љубовта и понатаму живее…Те сакам и ти благодарам што ме сакаше. П.С.Имавме бели рози и на свдабата – напишала неутешната Тајчи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top