Метју Шејн Камерон, сопруг на некогаш популарната Тајчи, ја изгуби битката со опасната болест, а оваа хрватска ѕвезда сега ја тешат мајката и пријателите кои откриваат во каква состојба е таа.
Нејзиниот поранешен менаџер Едвин Софтиќ, еден од блиските пријатели на семејството, раскажал дека таа е многу исцрпена.
-Го познавав. Бев на нивната свадба. Секогаш кога доаѓаа во Хрватска, доаѓаа кај мене на ручек или вечера. Ме шокираше неговата смрт, тој и беше посветен на Тајчи и имаше многу планови за неа -рекол Софтиќ, според кој не се знае како Тајчи ќе продолжи понатаму, бидејќи е во многу тешка состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.