Главниот уредник на онлајн изданието на турскиот опозициски весник „Џумхуриет“ Огуз Ѓувен денеска е осуден на затворска казна во времетраење од три години и еден месец, по обвинение за извршување на пропаганда во полза на терористичка организација.
Ѓувен беше уапасен во мај поради информација за сообраќајната несреќа во која загина обвинител, кој извршуваше истрага за многу случаи по воведувањето на вонредна состојба во Турција.
Во јуни тој беше ослободен со цел да му се суди од слобода.
Обвинителите за случајот настојуваа тој да биде осуден на десет и пол годишна затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.