Многу невести за време на свадбените церемонии знаат високите штикли да ги заменат со пониски обувки, бидејќи едноставно не можат да го издржат целиот ден на потпетици. Такво нешто направи и Серена Вилијамс на својата венчавка, но наместо чевли со пониска потпетица, одбра патики.
Баш во нејзин фазон. Тенисерката после официјалната церемонија облече покус фустан за забава и спари со Најк патики, украсени со циркони и светки. Сребрените патики всушност одлчино се вклопија во целиот аутфит, па Серана опуштено си играше.
Патиките се посебно направени за неа и свечената прилика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.